Бучковски: Треба да има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските

пред 2 недели | Дебати

Поранешниот премиер Владо Бучковски, во дебата на „360 Степени“ на Алсат, зборуваше за развојот на политичката сцена во наредните месеци по започнувањето на уставните измени.

- Претседателските избори пак ќе ги трча Заев и раководството на СДСМ за некој од нив или некој што не го гледаме, ризикот е ако евентуално нема успех, да има предвремени избори. Кога веќе се толку близу, рационално, според мене, е да има предвремени парламентарни избори затоа што ги бараше Христијан Мицкоски. Митингот кој го правеа во мај-јуни беше, заедно со претседателските да имаме и вонредни парламентарни, да има пржинска влада... ќе има време, ќе се потрефи тоа, лесно може да се усклади - рече Бучковски.

Тој вели дека дел од опозициските партии од албанскиот блок ја почнале кампањата за избори преку промовирање на уставни амандмани што, според него, е повеќе билдање на рејтингот отколку опасност да го загрози процесот на уставни измени за Договорот од Преспа. Бучковски предвидува дека до средината на јануари би завршил процесот на уставни измени.

Тој анализирајќи го судирот во ВМРО-ДПМНЕ, вели дека партијата е исправена пред сериозна дилема дали повторно да бара предвремени избори или ќе молчи чекајќи ги претседателските избори за да ја видат реалната сила на Мицкоски и актуелното раководство на партијата.

- Тоа во краен случај ќе зависи од СДСМ и коалицијата која ја предводи. Јас кога би бил на местото на Заев, тоа е моето мислење, треба да има едни избори заедно, и претседателски и парламентарни. Да го видиме Заев економистот. Овие две години поминаа од мандатот, беше преокупиран со решавањето на прашањето за името, со подобрување на меѓународните позиции на Македонија. Очигледно во делот на економијата, во делот на другите реформи има сериозен застој, тоа може да има одраз на среден рок, не на долг рок, на рејтингот кој го има СДСМ - рече Бучковски.

Целата емисија погледнете ја на следниот линк.