Арсовски: После првичното гласање, сега мнозинството може само да се окрупнува

пред 3 недели | Дебати

Комуникологот Петар Арсовски, во дебата на „360 Степени“ која се емитуваше во живо веднаш по гласањето за отворање на постапка за уставни измени го коментираше новосоздаденото двотретинско мнозинство.

- Кнап е мнозинството. Мислам дека баш 80 пратеника со вакво пребројување можат да означуваат дека во наредниот период тоа мнозинство ќе се зголеми, очигледно е дека ледот е скршен, меѓутоа секако е непријатна оваа тензија во која се носи вака важна одлука за иднината на државата и секако е непријатно што голем дел од опозицијата, не само што не учествува, туку на нож ги дочекува овие промени. Многу ќе беше понормално да успеевме низ некој нормален политички дијалог...

Дали е ова сепак секако олеснување за овие осуммина, се разбира, после првичните критики, напади итн?

- Секако. Тие го прешле својот рубикон. Партијата, претпоставувам дека ќе реагира со некаква дисциплинска постапка. Доколку бидат исклучени од партијата, после тоа не можат ни да бидат предмет на многу голем партиски притисок. Повеќе треба државата да се погрижи за нивната лична безбедност, евентуалните закани за нив и нивните семејства за кои бевме сведоци во изминатиот период, меѓутоа за нив рубиконот е преминат и сега тоа мнозинство може да се окрупнува - рече Арсовски.