„Живот во кутија“ - сторија за лице со церебрална парализа кое две години не излегло од дома

Автор: Хекуран Акифи | пред еден месец | In depth

Повеќепати во емисијата сме го поставувале прашањето – дали сме хумано општество само на хартија?

Истото прашање го поставуваме повторно, пренесувајќи ја приказната за семејството Неделчевски од Тетово.

23-годишниот Мане Неделчевски е дете со церебрална парализа, кое последен пат излегло од дома пред две години, зашто живее на трети спрат во зграда без лифт.

За овој, но и за многу други животи во кутија и за тоа што правиме како држава и општество на овој план – од Хекуран Акифи.