Што значи повикот на премиерот Заев за помирување за настаните од 27 април

Автор: Славица Филиповска | пред еден месец | In depth

Паралелно со неизвесноста за тоа дали ќе се соберат најмалку 80 гласа за одлука за пристапување кон измена на Уставот, најголемо внимание од собраниската седница предизвикува повикот на премиерот Зоран Заев за национално помирување и меѓусебно простување за настаните од 27-ми април.

На интерпретациите дека Заев понудил амнестија во замена за поддршка за уставните измени, стигнаа објаснувања дека помирувањето не значи тоа.

Славица Филиповска со поентите и анализа на првиот ден од дебатата, од која зависи дали до крајот на годинава ќе се организираат нови избори.