360 Степени сезона 5, бр. 12

Автор: Васко Попетревски | пред 2 месеци | Дебати

Во новото издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат (12.10.2018 г.) - интервју со шефот на дипломатијата Никола Димитров:

-дали власта има обезбедено двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот од Преспа;

-дали брзи избори не се побезбедна опција за власта зашто и да има мнозинство за првото гласање, прашање е како тоа ќе се одржи по три месеци за финалното гласање;

-дали Владата во Скопје била информирана за пресретнатите комуникациии на рускиот бизнисмен Савидис (близок до Путин), кој живее и работи во Грција, со кои се докажува дека бил вклучен во потплаќање заради поттикнување протести против решение за името („Њујорк Тајмс“);

-како ја разбира одлуката на Цариградската патријаршија да почне постапка за давање автокефалност на Украинската православна црква во контекст на Договорот од Преспа;

-дали со истрагата на СЈО за Бујар Османи, главниот политички преговарач со ЕУ, не е доведен во прашање кредибилитетот на евроинтеграцискиот процес;

-„Саботажа“’.