Што значи пораката од НАТО за ВМРО-ДПМНЕ и дали има опасност за меѓународна изолација на партијата?

пред една недела | Дебати

Во НАТО по ИК на ВМРО-ДПМНЕ си го поставуваат прашањето дали партијата е навистина за членство на земјава во Алијансата, како што партијата декларативно говори години наназад.

Тоа е коментарот на висок претставник на НАТО по ставот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека „договорот од Преспа е политички мртов и празно слово на хартија“. Соговорникот вели дека НАТО, а и земјите-членки, ќе почнат ова прашање да и го поставуваат и директно на опозициската партија.

Од НАТО сметаат дека, во принцип, не е можно постојано да се вели „не“, а во исто време да не се дава алтернатива како да се стигне до јавно декларираната цел - членство во НАТО. А за Алијансата, како што повтори и генералниот секретар Јенс Столтенберг, нема план Б.

Како показател дека вратите на НАТО остануваат отворени е фактот дека на 18 и 19 окотовмри во Брисел ќе почне техничкиот пристапен процес за зачленување на Македонија. Алијансата ќе продолжи со преговорите за членство независно од политичките случувања, но процесот ќе прекине ако која било од страните, Грција или Македонија, каже дека договорот од Преспа не може да се спроведе.

Повеќе за ова од разговорот со новинарот Александар Димитриевски кој деновиве беше во Брисел.