Креаторот на „Мој воздух“, Горјан Јовановски: Преку технологијата придонесувам кон екологијата

пред 3 месеци | Дебати

Авторот на апликацијата „Мој воздух“ (за прикажување на нивото на загаденост на воздухот), Горјан Јовановски, кој живее и работи во Холандија, во интервју за „360 Степени“ зборува за својата работа и како таа изврши големо влијание во македонското општество.

- Идејата не беше плански да стане ова што е сега. Во 2014 година истражував на интернет, барав податоци за да направам некој нов проект, да научам како да направам мобилна апликација и навистина по грешка налетав на податоци за загадувањето кои беа објавени од Министерството за животна средина и кои се од отворен карактер и може секој да ги користи. Ги анализирав податоците и кога сфатив дека загадувањето е огромен проблем во Македонија, решив дека можам да ги претставам тие податоци на еден лесен и разбирлив начин преку мобилна апликација која во тоа време и до ден денес остана најкористено средство за граѓаните - вели Јовановски.

Како што истакна тој, апликацијата има околу 200 илјади активни корисници во пик сезоната, која е од октомври до март, кога воздухот е загаден.

Јовановски кој е софтверски инженер себеси се претставува и како еко-активист.

- Има некаков сплет на тие две работи. Искористувајќи ја мојата пасија од софтверското инженерство, можам да допринесам кон екологијата преку технологијата - вели тој.

Целото интервју погледнете го од видеото.