Николоски: По неуспехот на референдумот, СДСМ сака преку судството да ја затвори ВМРО-ДПМНЕ

пред 3 месеци | Дебати

Во предреферендумска дебата на „360 Степени“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски прогнозираше неуспех на референдумот и најави наводен план на власта што треба да се реализира после тоа.

- Да кажам што е мастер планот на СДСМ, ова е ексклузивно, не е кажано до сега. По неуспехот на референдумот планираат преку своите инсталации во судство и обвинителство да почнат судски процес против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ којшто треба да резултира затворање на политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и забрана за дејствување на партијата од 2 години нагоре. Тоа е крајната цел на СДСМ и тие мислат дека ако го затворат ВМРО-ДПМНЕ нема во државава да има опозиција. Вие може да не затворите, може што сакате да ни правите, нема проблем, ќе издржиме. ВМРО издржало и комунизам и турско, и вас ќе ве издржи. Вие не можете да го затворите македонскиот народ. Вие 2 милиони Македонци не можете да затворите. И тие Македонци ќе ви кажат вас на 30-ти што мислат за вас - рече Николоски обраќајќи и се на Шекеринска.