Спасовски за инцидентот со фломастерот: Ако биде пријавен Анѓушев ќе имаме ист однос и кон него

пред 3 месеци | Дебати

Во интервју за „360 Степени“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговараше на прашање за случајот со вицепремиерот Кочо Анѓушев, кога, според новинари присутни на брифинг со него, фрлил со фломастер кон нив велејќи - вака се работи транспарентно.

Неодамна изјавивте дека ги имате расчистено сите напади што се случиле врз новинари. Сакам да ве прашам, ист однос ќе имате и кон инцидентот со вицепремиерот Анѓушев кога фрлил фломастер кон новинари?

- Ако биде пријавен ќе имаме ист однос, зошто да немаме ист однос, без разлика за што станува збор, за кој станува збор. Ние говориме за напади коишто беа пријавени во МВР во изминатата година дена, и сите тие напади беа расчистени до крај. И тоа беа сериозни напади. Јас воопшто и не знам дали имало некаков инцидентот, тоа слушнав од медиумите, но никаде не видов за таков инцидент на таа некоја средба којашто се случила - рече Спасовски.

Интересно е дека отстуствува реакција од владата и дека имаше обид вчера од пр секторот да се контејнира овој случај и да не добие многу на јавност, што и не е толку добро. Не барам коментар од вас. Благодарам, се надевам дека ќе имаме и следна шанса да разговараме.

- Благодарам на поканата.