Спасовски: Во случајот Велковски немаше професионална грешка, но мора да има отчетност и одговорност

пред еден месец | Дебати

Во интервју за „360 Степени“ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, зборуваше за разрешувањето на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски и неговото подоцнежно именување на шеф на Одделот за борба против организиран криминал, што го отвора прашањето зошто е недостоен да биде на едната, а е достоен да биде на другата позиција.

- Јас јасно кажав дека секој функционер на МВР треба да ги почитува принципите по кои сме договориле дека ќе работи. Еден од нив е да бидеме отчетни и одговорни спрема работата и позициите коишто ги имаме и сметаме дека од тој аспект некој треба да понесе одговорност, затоа што не е можно да оставиме лош пример и впечаток на било кој друг функционер. Меѓутоа, тоа не значи дека беше направена професионална грешка којашто била злоупотребена или нанела штета на МВР. Јас најавив веднаш дека Лазо Велковски како професионалец во работењето на МВР треба да го искористиме во наредниот период за да работи на одредена позиција - рече Спасовски.

Тој појасни дека џипот којшто бил во Грција не бил од кабинетот на директорот на БЈБ, туку од Одделот за гранични работи.