Најава - 360 Степени сезона 5, бр. 02

пред еден месец | Најави

Вечерва (7.9.2018 г.) ВО НОВИОТ ТЕРМИН ОД 22:00 ЧАСОТ, во „360 Степени“ на ТВ Алсат-М - интервју со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски:

-зошто министерот за администрација, Дамјан Манчевски, (ако администрацијата е најподложна на притисоци) е шеф на кампањата за референдумот;

-има ли организирана структура што работи на политичка или безбедносна дестабилизација на Македонија пред референдумот;

-до каде е истрагата за врските на грчкиот бизнисмен (со руски конекции), Иван Савидис, со протестите против договорот за името во Македонија;

-зошто Лазе Велковски не е достоен за директор на БЈБ, а е достоен за шеф на одделот за борба против организиран криминал;

-колку е законската постапката за доделување лиценци за испитни центри (за возачки испит) на фирми формирани на неколку дена пред објавување на јавните огласи;