Противпожарниот систем пред колапс - опрема од времето на Хитлер и Мусолини, бројноста двојно помала

Автор: Петар Клинчарски | пред 3 месеци | In depth

Во пресрет на сезоната на пожари, го отвораме прашањето за поставеноста на системот за противпожарна заштита во Македонија и неговата ефикасност.

Посетивме неколку од противпожарните бригади, разговаравме со најповиканите и заклучокот до кој дојдовме е дека состојбата е запрепастувачки лоша.

Ако законот и стандардите бараат по најмалку еден пожарникар на секои илјада и 500 жители, во Македонија ги има двојно помалку. Ништо подобро не е ниту со опременоста.

Едно од излезните решенија што се разгледуваат е системот од локалната да се врати под контрола на централната власт.