Превод на пресудите на грчкиот суд со кои се одби барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Автор: Александар Димитриевски | пред 3 месеци | In depth

Пресудите на грчкиот Врховен суд со кои беше одбиено барањето за екстрадиција на двоецот бегалци Горан Грјевски и Никола Бошковски подолго време е предмет на дебата во Македонија. Особено основите за носење на одлуката и евентуалните последици врз судските процеси во предметите на СЈО што се во тек во земјава.

До овој момент анализата се темелеше на изјавите на адвокатите дека пресудите во Грција се базираат на принципот дека еднаш дадено помилување не може да биде повлечено, при што се споменуваше одлуката на Судот во Стразбур во случајот на Алекса против Словачка.

Пресудите се уште не се официјално пристигнати до македонското министерство за правда, но беа објавени на интернет-страницата на грчкиот Врховен суд во анонимизирана форма. Водени од мотивот од претпоставки да преминеме на дебата заснована на фактичка состојба, ги преведовме пресудите за Грујевски и Бошковски кај овластен судски преведувач од грчки на македонски.

И, увидот во нив фрла нова светлина на случајот – не за конечната одлука туку за принципите и логиката на кои грчките судии ја засноваат одлуката.

Преводот од пресудите можете да го прочитате во продолжение:

Во продолжение и преводот од втората пресуда:

Преводот можете да го прочитате или спуштите во ПДФ формат преку сервисот „Scribd“.

Првата пресуда - линк за спуштање

Втората пресуда - линк за спуштање