Најава - 360 Степени сезона 4, бр. 78

пред 2 недели | Најави

Вечерва (2.7.2018 г.) од 22:30 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат-М:

-ги преведовме пресудите на Врховниот суд на Грција со кои се одбива барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски: документите фрлаат нова светлина на случајот;

-интервју со министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, кој го спасил состанокот на Совет на ЕУ во вторникот и посредувал за компромисните заклучоци за Македонија и за Албанија;

-противпожарниот систем во Македонија пред колапс - опрема од времето на Хитлер и Мусолини, бројноста двојно помала од законски пропишаното;

-истражување - колку „чудотворните и лековитите“ води се навистина тоа: микробиолошката анализа на дел од најпопуларните извори покажа дека водите не се за пиење;

-нова „Саботажа“.