Тахири: Оптимист сум, ќе има над 450 илјади гласа „За“ на референдумот за договорот за името

пред 3 недели | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, универзитетскиот професор Сефер Тахири, зборуваше за референдумот за договорот за името и прашањето на потребниот цензус од над 50% за тој да биде успешен.

Тој рече дека Владата го поставува прашањето за референдумот и Владата и политичките партии од владината коалиција треба да ги убедат граѓаните да застанат зад договорот кој власта го потпиша.

- Јас по природа сум оптимист и верувам дека покрај сите дилеми што ги имаме тука со целиот тој изборен список, мислам дека ќе има мобилизација на прогресивните сили во Македонија и ќе има, не над 450 илјади колку е прагот за успешен референдум, бидејќи не само Албанците, туку сите етнички заедници, особено членовите на СДСМ, поголем процент од нив, околу 90%, свесен сум дека мал процент и кај СДСМ има дилеми... Од друга страна, сметам дека и партиите кои се дел од коалицијата со СДСМ, но и партиите кои немаат толку многу десничарски идеи, но кои не се со СДСМ, и тие ќе апелираат да се учествува на референдум. Партијата ВМРО-Народна се изјасни „За“, што е еден контингент, можеби не толку голем, но многу важен за референдумот да биде успешен - рече Тахири.