Трошановски: Потребно е негативно формулирано прашање на референдумот за да се избегне бојкот

пред 3 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, првиот човек на Институтот за демократија, Марко Трошановски, зборуваше за референдумот за договорот за името и опциите како тој да биде успешен со оглед на потребниот цензус од над 50%.

- Опција е негативно формулирано прашање на референдумот зад коешто ќе има консензус од сите политички партии, дека е во ред да се постави, со цел бојкотот да биде оневозможен како инструмент на рушење на договорот. Оваа опција којашто ја заговарам е изводлива затоа што дестимулира бојкот и ако автентично и суштински ВМРО-ДПМНЕ е заинтересирано овој референдум да има легитимитет и одлуката на истиот да биде легитимна, мислам дека треба вакво решение елегантно да поддржи. Бидејќи очигледно форматот на референдум во Македонија се злоупотреби наназад, од локалниот за ГТЦ преку територијалната и знаеме сите како го изиграа политичките елити - рече Трошановски.