360 Степени во ноќни акции - како функционира мерката за намалување на бројот на пијани возачи?

пред 4 месеци | In depth

Изминатиот викенд во Скопје се случиле 22 сообраќајки, во кои двајца се потешко а 13-мина полесно повредени. Полициските контроли утврдиле дека на подрачјето на главниот град 82-ца возеле под дејство на алкохол.

За да се намали бројот на пијани возачи, 30-тина ресторани и такси компанија, со поддршка на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и Градот Скопје неодамна започнаа кампања „Ги возиме одговорните“.

Гостите што резервираат маса во рестораните преку онлајн апликацијата Ресторани.мк добиваат бесплатен ваучер за такси од 100 денари.

Петар Клинчарски и Никола Здравковиќ проверија како функционира мерката.