Каква е улогата на политичките подмладоци во Македонија?

Автор: Никола Здравковиќ | пред 5 месеци | In depth

Лепачи на плакати и Фејсбук-револуционери или движечка сила во партиите и општеството?

Каква е улогата на политичките подмладоци во Македонија? Колкаво е реално нивното влијание?

Додека дел од младите уште во своите 20-ти седнуваат во функционерски фотелји, илјадници нивни врсници разочарани ја напуштаат земјава. На Македонија и ја снемува младината, а на младите политичари потенцијалниот електорат. Научија ли нешто од грешките на сениорите?