Јавување од Брисел: Дали има опасност да се постигне договор за името, а да нема датум за преговори?

Автор: Александар Димитриевски | пред 7 месеци | In depth

Иако доминантниот впечаток во јавноста беше дека преговорите за името се во ќор-сокак, од Брисел стигна информацијата дека министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас договориле рамка за можно решение.

Димитров ја соопшти веста на работниот појадок со министрите и други претставници на земјите членки на Европската Унија во Брисел.

Тема на појадокот беше и резервираноста на одредени земји членки за одредување датум за преговори со Македонија во јуни. Високи претставници на ЕУ зборуваат за стратешка грешка ако тоа не се случи, а до тогаш се договори решение за името. Франција и Холандија настапиле поумерено.

Јавување од Брисел на Александар Димитриевски - како помина работниот појадок за Македонија со министрите од земјите-членки на ЕУ, што рекоа скептичните Франција и Холандија; кратки интервјуа со австриската министерка и со македонскиот министер за надворешни работи, Карин Кнајсл и Никола Димитров.