Најава - 360 Степени сезона 4, бр. 69

пред 3 недели | Најави

Вечерва (28.5.2018 г.) од 22:30 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат-М:

-јавување од Брисел за последниот развој поврзан со прашањето за името; како помина работниот појадок за Македонија со министрите од земјите-членки на ЕУ, што рекоа скептичните Франција и Холандија; кратки интервјуа со австриската министерка и со македонскиот министер за надворешни работи, Карин Кнајсл и Никола Димитров;

-последици од пресудата на грчкиот врховен суд за неекстрадирање на Горан Грујевски и Никола Бошковски - одбраната бара да запрат сите процеси против помилувани од Иванов и во Македонија; став од поранешната судијка во Стразбур, Мирјана Лазарова Трајковска, и адвокатот Петар Василев;

-каква е улогата на политичките подмладоци во Македонија;

-нова „Саботажа“