Алтернативниот грчки МНР, Катругалос: Името да ја покажува разликата и грчкоста на нашата Македонија

пред 5 месеци | In depth

Ќе има ли расплет и каков по заплетот што се случи во изминатите неколку дена по прашањето за името?Во интервју за ЕРТ, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, вели дека е претпазлив оптимист. 

- Не сакам и не треба да навлегувам во ниту една точка од преговорите зашто е разбирливо дека детали од преговорите не треба да излегуваат во јавност. Мислам дека веќе го дадов одговорот на вашето прашање кога реков дека секој договор се разгледува како пакет. Ова значи дека еден по еден се разгледува секој предлог посебно. Како парадигма името треба да има две карактеристики: треба јасно да ја покажува разликата од историјата и грчкоста на нашата Македонија од соседот и второ, да нема елементи на иредентизам. Ако се најде име со овие карактеристики, во едно сложено име, потоа треба да се решат и останатите прашања - рече Катругалос во интервјуто.