Петковски: Да сум на место на Заев, би го сменил функционерот кој направи најмногу скандали

пред 2 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, тема беше најавената реконструкција на Владата и политичките комбинаторики кои се врзуваат со неа. Љупчо Петковски, извршен директор на невладината „Евротинк“ зборуваше за тоа кој треба да биде на тапет за менување.

- Не очекувам дека и доколку има промена на функционери, ќе бидат променети тие што заслужија да бидат променети. Да бев јас тој што одлучува, при носење на одлука кој треба да биде променет би се водел од тоа колку пати сум морал личниот кредибилитет и политички капитал да го ставам и дел од него да потрошам во бранење на одреден функционер. Во бранење на тој функционер каде сум потрошил најмногу од својот политички капитал, така би ја донел одлуката. Би го одбрал тој функционер и би ги заменил. Мислам дека ова би го одговорило и прашањето и за тоа кој беше тој функционер во Владата кој направи најмногу скандали и чиешто име беше поврзано со најмногу ситуации кадешто премиерот и луѓето околу него мораа лично да влезат и да бранат. Но, не очекувам тоа да се случи, веројатно ќе се случи некаква покозметичка промена - рече Петкоски.