Адеми: Новите албански партии ветуваа принципи а сега се борат за вработувања во власта

пред 2 недели | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, тема беше најавената реконструкција на Владата и политичките комбинаторики кои се врзуваат со неа. Аналитичарот Висар Адеми зборуваше за желбата на двете крила на БЕСА да влезат во Владата, како и за тврдењето на Алијансата за Албанците дека премиерот Заев игра перфидна игра за растурање на албанската опозиција.

- За да анализираме зошто албанските партии сакаат да влезат во власта, треба да ја анализираме и историјата на двете заедници. Двете заедници немале никогаш реална политичка и економска моќ. Еден дел сме зависеле од Белград. Во 92-ра двете овие заедници почнаа да градат заеднички институции. Македонците сакале да создадат нивна чиста етничка држава... Албанците се обиделе да создадат еден вид автономија со нивното делување и сакале да бидат прашани за нивниот економски и политички развој. Двете работи пропаднаа со таквите идеали. Не успеаја поради немање капацитети или поради надворешни влијанија. Кога нивниот идеал пропадна, тие видоа дека единственото нешто што може да се прави за да се има политичка моќ било да се фокусираат во економијата, во владеењето и добивање на сите бенефиции што ги овозможува владеењето. Македонците преку создавањето на двете партии, а Албанците преку реплицирањето на партиите секој ден, бидејќи тие знаат дека единствниот начин за да се дојде до реална моќ, за да се дојде до парите на нечесен начин и без некој поголем труд, е да формирате политичка партија и да се вклучиш во Владата. Ваквиот вид на партии што ги споменувате вие, почнувајќи од БЕСА итн, тие се формираа бидејќи нивната главна критика беше дека ДУИ не е блиска со народот и е блиска со Владата, со моќта како концепт, да се земаат пари за да се хранат нивните роднини и нивните групи на интерес. Кога се формираа овие партии, со тоа што ние ќе бидеме поблиску до народот, ние им аплаудиравме и рековме одлично, а тие ни зборуваа за принципи. Во моментот кога сите очекуваа тие да продолжат со принципи, тие рекоа не, ние немаме принципи, туку ќе влеземе во владата - рече Адеми.

Тој вели дека тие знаат дека единствниот начин за опстанок во политиката и за да се стане побогат, за да се стигне до врвот е потребно да се биде дел од Владата.

- Заев, па и Груевски најдобро од сите ја знаат оваа матрица на размислување на политичките партии и сега ги држи, ќе ве повикам на телефон утре, задутре... Целта е да се создаде нервоза кај албанските опозициски политички партии за тие секогаш да ја намалат цената и на крај да им даде некаква директорска функција и тие да уживаат. Целта е да се вработат десетина луѓе во име на 500 илјади луѓе. Целта е ова, да им се даде да уживаат десетина луѓе, толку Владата има апсорбирачка моќ, тие не можат да именуваат 20 министри, две илјади директорски места, толку ќе земаат. Ќе се обидат да вработат десетина луѓе, а во меѓувреме тие ќе ја изгубат партијата, идентитетот и принципите за кои не убедуваа дека ги имаат. Ова е тоа што ме загрижува мене. Тие создаваат политички партии за да бидат дел од Владата, да добиваат тендери, пари, потоа да исчезнат побрзо отколку се појавија на политичката сцена - рече Адеми.