Елерајт: Во Германија се вклучија сите за да се случи помирување во односите со Франција и Полска

пред 7 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, тема беше: „Каде е јазот меѓу Македонија и Грција - во името или во нешто друго“. Ева Елерајт, директорка на канцеларијата на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Македонија, зборуваше за тоа колку е болен и тежок процесот на извлекување од период на конфликти со соседите, каков што имаше Германија, како пример за односите меѓу Македонија и Грција.

- Тоа е многу тешко и мислам индивидуално патување. Секоја земја се справува со многу прашања на идентитет и припадност, особено ако земјата е разноврсна. Тоа беше случајот и со Германија и требаше многу време за барем да се зборува за сите конфликти и војни во кои Германија и германското општество имале улога. Тоа е прашање до денес, тоа е многу важно прашање и е дел од образованието. Мислам дека тоа е важна порака што треба да се прати до други земји кои размислуваат како да се помират со соседите, да внесат живот во добрососедските односи и да ја подобрат соработката, да пружат рака и отворено да разговараат за загриженоста и да и даде до знаење на другата страна што е причината. Понекогаш во минатото улогата на Германија беше да покаже дека нештата се сменија и тоа е важно да се разбере и иако во едно општество има дебата, тоа не значи дека таа дебата ја минува границата и се слуша зад границите. Може да има развој во општеството, во минатото во Германија, сега тука - луѓето се свесни и тоа има значајна улога во јавната дебата, но тоа навистина не се гледа надвор во странство и затоа е важно да се вклучат сите слоеви на општеството - не само политичките врвни кругови туку и да се има поотворен дијалог и ние тоа го сторивме во Германија за разни прашања за кои имаше судири - германско-француските односи кои навистина беа проблематични и успеавме да надминеме декади, па дури и столетија на несогласувања. Потоа, односите со Полска и тука една од работите што се случи пред политичкото помирување беше размената на граѓанските сектори, на младите, секако и на академски кадар - рече Елерајт.