Свети Николе - град со најмногу заболени и починати од рак: институциите немаат прецизни податоци

Автор: Никола Здравковиќ | пред 7 месеци | In depth

Во Свети Николе со години опстојува уверувањето дека е место со најголем број заболени и починати од рак и тоа најмногу од рак на дојка.

Но, она што дополнително ужаснува е сознанието дека ова уверување на локалните жители не може да се провери кај ниедна од здравствените институции, зашто таква специфична статистика не се води. И што нема научно истражување што ќе ги испита причините за големиот број заболени од канцер.

Капак на се е ниското ниво на здравствена култура, нередовните превентивни прегледи и доцното дијагностицирање на болеста.

Никола Здравковиќ беше во Свети Николе и се обиде да го стесни кругот на можни причинители за неславниот рекорд.