Најава - 360 Степени сезона 4, бр. 59

пред еден месец | Најави

Вечерва (20.4.2018 г.) во 22:30 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат-М - дебата:

-дали е точно дека во вторникот се случувала мала драма во ЕК и дека Македонија можело да остане и без препорака за преговори;

-зошто Јункер треба да ги придобива земјите-членки на ЕУ, плашејќи ги со нови војни на Балканот;

-дали за ЕУ е полесно да се прошири со 4 нови членки одеднаш отколу да ги прима една по една;

-зошто Коѕиас вели дека самитот на НАТО во јули е недостижна цел за упатување покана за членство до соседот, а не го споменува јуни (како недостижен) кога треба да се донесе одлука за почеток на преговори со ЕУ;

-дали ако нема договор за името, во јуни може да се донесе само одлука за почеток на преговори, без да се одреди датум.

Гости: Светлана Јовановска (на видео-врска од Брисел), Блерим Река и Љупчо Поповски. Објавуваме и нова „Саботажа“.