Најава - 360 Степени сезона 4, бр. 58

пред 5 месеци | Најави

Вечерва (16.4.2018 г.) од 22:30 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат-М:

-политички дијалог: власта и опозиција договараат темелен ремонт на финансирањето на политичките партии (повеќе државни дотации, помалку донации од физички и правни лица);

-зошто десетина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата (Трајко Вељановски, Емил Димитриев, Никола Попоски...) не гласаа за т.н. реформски закони усогласени со мнозинството;

-дали позитивните оценки од извештајот на ЕК за Македонија ќе доведат до почеток на преговори;

-битолски Баир како во 19 век: жителите бараат од градоначалничката Наташа Петровска да ги исполни предизборните ветувања;

-иницијатива за затворање на обложувалниците во Врапчиште;

-„Саботажа“.