Мангова: Нереално е очекувањето на третина од граѓаните за влез во ЕУ за 5 години

пред 4 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, директорката на ИРИ во Македонија, Илина Мангова го коментираше порастот на на перцепцијата дека Македонија може брзо да стане членка на Европската Унија во следните 5 години.

- Тоа очекување пред се е видливо од минатата година, после формирањето на новата Влада, бидејќи имавме еден долг период од неколку години во криза и сите очекувања и сите позитивни параметри беа паднати и беа ниски. Гледаме дека тоа очекување пред се е качено по стабилизацијата на земјата, штом се формирала Влада и веќе на луѓето им олесни, па можат веќе да гледаат позитивно кон надвор, па 30 до 33 % од луѓето сметаат дека за 5 години ќе влеземе во ЕУ. Видете, сето тоа е реакција е на интензивираните односи со Европската Унија, посети на Брисел, доаѓање на европските претставници во Македонија. Граѓаните не можат премногу да анализираат колку време трае овој процес на интеграција, зачленување и слично. Тоа е работа на тие коишто се избрани и тоа им е задача. Граѓаните очекуваат резултати од тоа. Битно е како тоа ќе се комуницира, но мора да ги видат резултатите од сево ова - рече Мангова.