Најава - 360 Степени сезона 4, бр. 56

пред 6 месеци | Дебати

Вечерва (6.4.2018 г.) од 22:30 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат-М:

-дебата за прашањето за името, перспективата за зачленување во ЕУ, договорот со Бугарија - преку резултатите од анкета во која: 75% од испитаниците рекле дека е важно или многу важно прашањето за името да се реши веднаш (така мислат 69,1% од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, 79,3 % од гласачите на СДСМ, 77,8% од гласачите на ДУИ...); 33% од граѓаните очекуваат влез на Македонија во ЕУ во следните 5 години; 49% го оценуваат позитивно договорот со Бугарија (43% одговориле така во ноември 2017 г.);

-нова „Саботажа“.