Германските пратеници Јуратовиќ и Фрај согласни: СДСМ мора да добие шанса да направи Влада

Автор: Васко Попетревски | пред 8 месеци | Дебати

Деновиве од повеќе нивоа на германската извршна и законодавна власт стигнуваат пораки за состојбата во Македонија. Нема детали што му рекла канцеларката Ангела Меркел на Груевски на средбата на маргините на Конгресот на ЕПП во Малта. Германскиот министер за надворешни Зигмар Габриел втор пат деновиве порача дека мора да се почитува мнозинството и дека мора да се овозможи формирање Влада. А пораки стигнаа и од Бундестагот, германскиот парламент, каде на тема Македонија заседаваше Комисијата за европски прашања. 

Гости во „360 степени“ се германските пратеници Јосип Јуратовиќ и Торстен Фрај.

И двајцата се согласуваат дека мора да се почитуваат демократските принципи и дека откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да направи Влада, сега таа шанса мора да се даде на втората партија по освоени гласови на изборите, СДСМ.