Арифи: Ќе дискутиравме ли за ова ако некоја, пример, верски радикална група, влезеше во Собранието?

пред 3 недели | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, универзитетска професорка по казнено право Беса Арифи зборуваше за обвинителниот акт за настаните во Собранието од 27 април минатата година, како е тој поставен во однос на различните обвинети и за дилемите околу тоа дали дел од нив требало да се теретат со полесни кривични дела.

- Да замислиме ако настанот беше малку поразлично организиран. Може да има било какви групи кои се спротивставуваат на уставниот поредок на земјата. Сега, замислете некоја друга група, со некоја друга идеологија, пример верска, да каже, дека ние не се согласуваме со тоа што го прави Собранието и ќе ги земеме работите во наше раце, ќе влеземе во Собрание, какви што се различните религиозни групи... дали би биле воопшто прашање овие теми што ги дискутираме. Секако дека за такви дела на радикализам којшто веќе избувнал во насилен екстремизам соодветно казнување. Се разбира, треба да има соодветно обвинување и судење, меѓутоа, треба да сме свесни за какво тешко дело се работи. Секој тероризам е ист, без разлика на идеологијата - рече Арифи.