Јовески: Утре обвинение за 27 април, за сите за терористичко загрозување на уставниот поредок

Автор: Александар Димитриевски | пред 3 месеци | In depth

Обвинението за настаните од „крвавиот 27 април“ ќе биде поднесено утре (вторник, 27.03.2018) – објави јавниот обвинител на РМ, Љубомир Јовески, во интервју за вечерашното издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат-М. Јовески најави прес-конференција во текот на утрешниот ден.

Тој го потврди претходно соопштениот писмен став од јавното обвинителство дека ќе нема преквалификација на делото за ниту еден од осомничените/обвинетите во овој случај. Тоа значи дека сите ќе бидат обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок“. На прашањето дали тоа значи дека сите осомничени/обвинети биле во меѓусебна комуницикација, Јовески ниту потврди, ниту демантираше и остави во текот на судскиот процес да бидат презентирани доказите.