Селмани: Заев не може истовремено да ја има поддршката и од албанските партии и од ВМРО-ДПМНЕ

пред 3 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, Имер Селмани, поранешен министер, пратеник и градоначалник, зборуваше за носењето на Законот за јазици, во моментот блокиран со 35.000 амандмани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

- Ако нема решение за една недела или десет дена, мислам дека СДСМ и ДУИ треба да го усвојат законот, да го гласаат по третпат и прашањето на употреба на јазиците да биде затворено поглавје - рече Селмани.

Тој вели дека доколку Заев ја нема поддршката на ДУИ и на Албанците, тогаш не може да смета на никаква поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека не може истовремено да ја има поддршката и од албанските партии и од ВМРО-ДПМНЕ.

- Ако Заев влезе во теренот на ВМРО-ДПМНЕ и почнува да ги прифаќа барањата како што се да се врати Законот за јазици, да се дебатира во МАНУ, во други институции, тогаш Заев ќе ја изгуби довербата на Албанците, но никогаш нема да ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ - рече Селмани.

Тој велидека Заев треба да и даде шанса на демократиајта, но не по цена секогаш да се прифаќаат барања и ултиматуми од опозицијата.