Муслиу: Јас сум конкретен доказ дека името на државата не влијаело врз мојот идентитет како Албанец

пред 10 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, политикологот д-р Албер Муслиу, зборуваше за идентитетот и преговорите за името.

На прашањето дали тој некогаш би можел да се декларира како Македонец во политичка смисла, односно дали може да се зборува за надетнички идентитет на граѓаните на земјата Муслиу рече дека оваа тема кај Албанците се разработувала во 90-тите години.

- Јас сум државјанин на Република Македонија, по државната националнот сум од Македонија а по етничка припадност или иденитетска припадност сум Албанец. Јас сум конкретен пример или доказ дека името на државата воопшто не влијаело врз моето етничко чувство или етничка припадност, да не зборувам за идентитетот. Мојот став е дека именувањето на државата нема како да влијае во дестабилизација или промена на мојот етнички идентиетет - рече Муслиу.

Тој рече дека Албанците во Македонија го имале истиот идентитет и во времето на кралството СХС и во времето на Југославија, и дека проблемот е во политичарите кои профитираат и градат кариери со проблематизирање на овие прашања.

- И тој страв е легитимен кај граѓаните кога ве бомбардираат секој ден дека ќе го изгубите идентитетот, јазикот. Тој јазик не може да се изгуби, тој јазик има граматика, има корисници, јазикот не е лично прашање, не може да го употребувате сам со себе. Кога има формирана групација која го употребува тој јазик, тогаш не гледам како може именувањето на државата реално да влијае во губењето на идентиеттот на најголемата група во Македонија - рече Муслиу.