Системот на социјална заштита плаче за темелен ремонт - можен ли е гарантиран минимален доход?

Автор: Никола Здравковиќ | пред 4 месеци | In depth

Актуелниот систем на социјална заштита со 18 поединечни основи за исплата на социјална помош ни одблиску не ги решава проблемите на засегнатите.

Сумите се смешно ниски и тие воопшто не гарантираат сигурност на граѓаните, туку, како што велат граѓанските активисти, им нудат само алтернатива да не починат.

Системот бара темелна реформа и на тоа веќе се работи.