Што кажа грчкиот премиер Ципрас за името по разговорот со Меркел?

пред 8 месеци | In depth

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за германски „Шпигел“, првпат јавно кажува дека не гледа рационални аргументи за грчкото барање - новото сложено име да не биде преведливо на други јазици.

Заев зборува и зошто смета дека уставни промени не се неопходни, што е еден вид реплика на изјавите на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

По средбите што во петокот во Брисел ги имаше со германската канцеларка Ангела Меркел и со други колеги на кои се разговарало и за прашањето за името, Ципрас го повтори ставот за едно име за севкупна употреба, што би вклучило и уставни измени.