Шилегов: Градот нема правен допир за споменикот на УЧК во Чаир за чие поставување асистираше ВМРО

пред 9 месеци | Дебати

Во интервју за „360 Степени“, Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, зборуваше за отстранувањето на споменикот на Андон Јанев-Ќосето.

ТМРО ве праша дали ќе го тргнете и споменикот на УЧК во општина Чаир за кои тие тврдат дека е нелегално, незаконски поставен.

Оној истиот каде што тие асистираа да биде поставен, така? ТМРО и ВМРО тогаш беа коалициони партнери, да не се лажеме, и јавноста добро го знае сценариото. Градот Скопје лично во таа постапка нема правен допир. Ниту се појавува како инвеститор, ниту како поставувач и затоа не можете да извлечете паралела помеѓу постапувањата на градот во уривањето на дивоградбата наречена Ќосето и споменикот во Чаир на УЧК. Тоа е работа на општинските органи на Општина Чаир, не е ингеренција на градот и на Министерството за транспорт и врски. Очигледно е дека повторно станува збор за евтин популизам и примитивизам во политиката за популистички цели, за да се изедначи една легална, законска постапка, со нешто што треба да даде слика на еднаквост - рече Шилегов.