Потребна реформа на штотуку донесената Стратегија за реформа во правосудството?!

Автор: Александар Димитриевски | пред 5 месеци | In depth

Прашањето за името разбирливо „го краде“ главното внимание на јавноста, но решавањето на спорот не е единствениот услов за деблокирање на евро-атлантските интеграции на Македонија.

Институтот за демократија, невладина организација која од почеток го следи спроведувањето на владиниот план 3-6-9, отвори суштинска дебата за некои прашања врзани со реформите во судството.

Мислењата на експертите наведуваат на заклучок дека на Македонија и треба реформа на штотуку донесената стратегија за реформи во правосудството.