По Ирак и Авганистан, за кумановци нова хит-дестинација е Германија, јазикот се учи масовно

Автор: Хекуран Акифи | пред 9 месеци | In depth

Нерешавањето на прашањето за името и бесперспективноста на земјава поради блокадата во интеграциските процеси директно се поврзуваат со нагласеното одење на печалба во странство.

Во Куманово кое е пример за таквата миграција и во кое едно време хит беше заминување во Ирак, па во Авганистан, сега нова популарна дестинација е Германија. Во градот масовно се учи јазикот за којшто се смета дека носи подобар живот.