Најава - 360 Степени сезона 4, бр. 41

пред 6 месеци | Најави

Вечерва (12.2.2018 г.) од 22:30 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат-М:

-индиции за страотни последици од опасниот линдан складиран во дворот на ОХИС во Скопје: токсичната супстанција пронајдена во крвта на 8-годишни девојчиња кои предвреме влегле во пубертет;

-дали грчката влада ја подготвува јавноста дека не може да се спори идентитетот на етничките Македонци;

-за премиерот Зоран Заев, организацијата на Фетула Ѓулен е терористичка; Турција очекува конкретни мерки од македонската влада;

-по Ирак и Авганистан, за кумановци нова хит-дестинација е Германија: во градот масовно се учи јазикот што носи подобар живот;

-нова „Саботажа“