Анкета: 61% од граѓаните (33% од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ) прифаќаат решавање на името за ЕУ и НАТО

пред 6 месеци | In depth

Институтот за демократија објави резултати од истражување на јавното мислење, кои се чини покажуваат тренд на поголема подготвеност кај македонските граѓани да се прифати компромис како цена што треба да се плати за да се добие членство во НАТО и во ЕУ.

Марко Трошановски ги анализира резултатите според кои, 61% од анкетираните целосно или до некаде поддржуваат решавање на проблемот со името со цел побрз влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Овие бројки, по етнички групи, кај Македонците се 50%, а кај Албанците 95%. По политички партии, подготвеност за компромис има кај гласачите на ВМРО-ДПМНЕ 33%, а кај СДСМ 76%.

Споредбата со резултатите од претходна анкета на истите прашања, покажува тренд на зголемување на поддршката за компромис поради евроатланска интеграција на Македонија.