Најава - 360 Степени сезона 4, бр. 39

пред 2 недели | Најави

Вечерва (5.2.2018 г.) од 22:30 часот во емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат-М:

-грчка „То Вима“ ја објави рамката на Нимиц: нема барање за промена на Уставот, јазикот "Makedonski", остануваат кратенките MK и MKD; решението на сила во фази;

-Атина ден по протестите - грчката влада решена да продолжи да бара решение, аналитичари: и пратеници од опозицијата може да гласаат за евентуалниот компромис;

-интервју со проф. д-р Денко Малески: силното водство во двете земји и кај меѓународните играчи се добра околност за прашањето за името;

-анкета на Институтот за демократија: 61% од граѓаните на РМ (33% од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ) прифаќаат решавање на прашањето за името заради побрз влез во НАТО и ЕУ;

-нова „Саботажа“.