Нимиц: Делот што протече во јавноста околу непреведените имиња не е 100% точен

пред 2 недели | Дебати

Во интервјуто за „360 Степени“, посредникот во спорот за името, Метју Нимиц зборуваше за неговиот сет-идеи кој, повеќе или помалку, „протече“ во јавноста и нудењето непреведени сложени имиња со географска одредница.

- Не сакам за ова да зборувам, свесен сум дека некои работи „протекоа“, но не се, не целиот документ, можеби и тоа се случило, а јас да не сум видел. Има други аспекти од документот кои се однесуваат на преводот и на други нешта. Начинот на кој вие го кажувате не е 100% точен ако го читате целиот документ, но јас не мислам дека е добра идеја да се вмешувам во детали - рече Нимиц.

Целото интервју на следниот линк.