Нимиц: Ако има договор за модификација на името, тоа би било применливо и на пасошите

пред 4 месеци | Дебати

Во интервјуто за „360 Степени“, посредникот во спорот за името, Метју Нимиц зборуваше за опсегот на меѓународна употреба на евентуално договореното име, и дали тоа име би стоело и на пасошите и на останатите документи за идентификација што се користат во меѓународната комуникација.

- Мислам дека пасошите се меѓународни документи, се уште не сме се посветиле на сите прашања, би рекол дека пасошите се меѓународни документи. Ако има договор за модификација на името тоа би било применливо на документи како пасошите - рече Нимиц.

Целото интервју на следниот линк.