Бучковски: Ако ја пропуштиме и оваа шанса за името како во 2005, за 10 год предлогот ќе биде полош

пред 7 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, поранешниот премиер Владо Бучковски, зборуваше за новата можност за постигнување согласност за решение на спорот за името, по средбата на премиерите на двете земји, Заев и Ципрас.

- Треба да се има на ум дека се сменија околностите од позицијата која ја имавме во 2005 кога имавме шанса да го затвориме ова прашање, но не собравме храброст, тоа беше пред да го добиеме кандидатскиот статус, кога сметавме дека нема никаква пречка да влеземе под привремената референца. Значи, после десет-петнаесет години, ако се пропушти оваа шанса, предлогот ќе биде уште полош за Република Македонија, и можеби воопшто ќе го нема. Затоа мислам дека и тоа го имаат во предвид лидерите на најголемите политички партии. Јас верувам дека ќе смогнат сили да најдат решение со кое би влегле во овие завршни преговори, затоа што вторник или среда веќе доаѓа Нимиц и ќе треба да ги има првите одгласи, дали ќе се продолжи со засилено темпо на ниво на министри за надворешни работи да се бара решението. Ако тоа е така, во таа варијанта многу брзо ќе се соочиме со предлог кој ќе треба да се брани во јавноста, не од нас, но од оние кои треба да ги подготват граѓаните на Република Македонија за евентуалниот компромис - рече Бучковски.