Владите во Атина и во Скопје на тест за отпорноста на притисок - што ќе донесе средбата Заев-Ципрас?

пред 11 месеци | In depth

Напорите за решавање на прашањето за името се во деликатна фаза. Ако процесот ги издржи притисоците што доаѓаат од повеќе страни и не пропадне уште во оваа етапа, тогаш можно е да влезе во нова, посуштинска фаза, во која ќе почнат да се наѕираат контурите на решението.

Најава за таа нова фаза може да биде средбата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас закажана за среда во Давос, Швајцарија. Дотогаш останува да се анализираат сигналите и настаните кај вклучените страни.

Погледнете го разговорот со новинарот Владимир Мирчески, кој ги следи случувањата поврзани со името, а деновиве беше и во Атина.