Репортажа - од Косово во Скопје на шопинг, од Македонија во Приштина по забава

Автор: Хекуран Акифи | пред 6 месеци | In depth

Интензивната комуникација на релација Македонија – Косово и обратно беше уште поочигледна за време на празниците.

Познато е дека трговскиот центар „Сити мол“ го нарекуваат втор главен град на Косово, а во спротивна насока се повеќе граѓани на Македонија одат во Приштина заради ноќна забава.

Но, меѓучовечките врски ги отежнува лошата патна врска. За волја на вистината, автопатот „Арбен Џафери“ од косовска страна е изграден до половина, а од македонска се уште е само ветување.