360° Дувњак: Тврдеа - ние не сме А1, ние плаќаме даноци. Излезе дека не плаќале даноци...

Автор: Васко Попетревски | на 3.2017 | Дебати

Во дебата за „360 Степени“, новинарката Гордана Дувњак зборуваше за новоотворените случаи на СЈО, „Тотал“ и „Тифани“, во кои се опфатени новинари.

- Фокусот е ставен на она што нив ги правело поплатени и поразлични од останатите новинари. Да стане појасно, од каде нивната толкава жестина во бранењето на режимот. Дека тоа не е верба во владините политики, туку дека за тоа биле дебело платени - рече Дувњак.

Таа потсети на случајот „Пајажина“ и како овие новинари известувале за него.

- Во времето кога беше атакот врз А1 телевизија, во нивните медиуми тврдеа - „Ние не сме А1, ние плаќаме даноци“. Излезе дека тоа било само празна флоскула, и дека очигледно не плаќале даноци ,туку за овие неколку години се збогатиле - рече Дувњак.

Целата дебата погледнете ја на следниот линк.