Пендаровски: Евентуалниот компромисот сега ќе биде многу потежок отколку тоа што можевме во 2008

пред 7 месеци | Дебати

Во интервју за емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат-М, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, зборуваше за разговорите за името и можниот компромис.

- Тврдам дека компромисот којшто евентуално би го направиле наредните месеци на ова прашање ќе биде многу потежок од компромисот кој можевме ако сакаме со консензус да го решаваме, домашен, внатрешен, ова прашање во 2008 во Букурешт и било која година потоа. Консензусот по антиквизацијата и по тој процес на градење споменици и ревидирање на историјата на македонскиот народ и на Република Македонија, кој беше свесно направен концепт од претходната влада, во многу го отежна решавање на проблемот. Значи, тврдам дека после 2009, 2010, 2011, тој процес е дупло потежок за решавање и не можете да го отстраните тоа во преговорите со тоа што ќе поместите евентуално еден, два споменика во центарот на Скопје. Ние ги изгубивме сите меѓународни пријатели. Велиме сега сликата за Македонија во Брисел или Вашингтон или Берлин е превртена за 180 степени. Да, ама повторно треба да ги убедуваме. Значи, ние не сме успеале само со тоа што имаме нова Влада, претходниот режим отиде во заборав, дека ние сме сосема други. Имавме 10 години брутален автократски режим кој ги урнисуваше сите позиции на Македонија не само по однос на прашањето за името, меѓутоа најмногу веројатно на меѓународна сцена, токму по однос на ова прашање - рече Пендаровски.