Пендаровски: Не би исклучил и структури од Македонија да се обидат да го саботираат патот кон НАТО

пред 6 месеци | Дебати

Во интервју за емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат-М, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, зборуваше за тоа дали Русија може да биде пречка за амбициите на Македонија да стане членка на НАТО.

- Морам да бидам реален и да кажам. Јас сум еден од оние коишто велат дека настапот на надворешно поле на Руската Федерација мора да се разграничи, кога станува збор за било која балканска држава, па и кај нас и јас сум еден од првите кои јавно имаат кажано дека ние не треба да се плашиме од баш се што доаѓа од Руската федерација, дека не е тоа се само опасност за дестабилизија или попречување на нашите стратешки цели, меѓутоа морам да бидам искрен и да кажам дека очекувам одредени опструкции на тој пат, и тоа не толку внатре во Република Македонија, не од земји члеки, туку и од некои структури кои не се формално претставници на некои земји членки, меѓутоа се тука некаде во регионот. Не можеме да го исклучиме тоа бидејќи имаме, појасна здравје, изјава и на Лавров, и на други официјални претставници од нивното министерство за надворешни работи, дека не гледаат благонаклоно на македонскиот пат кон НАТО. Руската Федерација од пред неколку години го смени драстично својот став и кон проширувањето на Европската Унија. Нивниот став контра НАТО е познат деценија, деценија и пол наназад. Може да замислите што се тие би биле подготвени на политичко-дипломатско поле, не би сакал да шпекулирам за други активности, да направат, за да го попречат процесот на заокружување на јужното крило на НАТО, кога сите држави кои тоа го сакаат би влегле внатре во Алијансата - рече Пендаровски.

Кои се најслабите точки, потенцијално, на коишто Москва може да има влијание? Се зборува за тоа дека дел од политичките структури во Грција се подложни на тој тип на влијание, на пример, што може да биде и доволно, да речеме, да се растури целата работа околу преговорите за името.

- Знаете како, да бидеме реални, без апострофирање, кога немате докази можете само да анализирате... сега како човек кој е дел од власта не би можел ниту тоа да си го дозволам... меѓутоа не би исклучил и одредени поединци и структури и од Македонија - рече Пендаровски.